Доколку сакате бегство од вашиот град, изберете ја Баба Планина. Дозволете си спокој во неограничени количини, прекрасен чист воздух и совршени глетки кои ќе ви ги наполнат очите.

Планинарската куќичка “Ловечка” со поглед кон Стрежевското езеро

Планината Баба, со врвот Пелистер се наоѓа на јужниот дел од Република Македонија и е со алпски карактеристики. Пелистер е поставен меѓу долините на Пелагонија и Преспа. Стар е околу 465 милиони години и е највисок врв на планината со 2.601 метри надморска височина.
Името Пелистер води потекло од антиката, односно најверојатно е дадено од древномакедонските племиња, Пелагонци и Линкестиди кои живееле непосредно под планината Баба, во овој дел од Пелагонија. Меѓу народот постои и легенда дека името Пелистер доаѓа од зборовите „пет лисје“, во чест на петтоигличниот бор Молика кој го има во изобилие на оваа планина. Исто така, има мислење дека името „Пелистер“ е кованица од бел + истер = бел-истер = пелистер. Како аналогија се зема името на полуостровот Истра и ред други топоними од претсловенско, античко-венетскиот период. Значењето на „истер“ и ден-денес во македонскиот јазик како и милениуми претходно се употребува и означува нешто што е истерано, извишено, било во висина, било во море и сл. Колку за потсетување, старото име на реката Дунав е исто така Истер! Друга легенда пак, вели дека името потекнува од грчкиот збор “peristeri” што значи гулаб, заради белосивиот камењар, кој кога го гледате од далечина заликува на гулаб.

Џип авантура на Пелистер, со поглед кон Преспанското езеро

Флората и фауната на Баба се дел од националниот парк Пелистер. Најзаслужен за добивањето на статутсот Национален Парк е петтоигличниот бор МОЛИКА – што го открил австрискиот ботаничар Аугуст Гризебах во 1839 година. Моликата ја има и на други планина на Балканот, но тука гради најкомпактна шумска заедница. Шетајќи низ Пелистер ќе наидете на стебла постари од 230 години. Во пролет и лето, ливадите се накитени со разнобојните цветови на пелистерската небесна роса, чуваркуќата и пелистерската качунка.

Планинарскиот дом на Големо езеро

Ако ја сакате археологијата, најдете време да ги посетите населбите од железното доба и средновековниот период кои се во непосредна близина на паркот. Следејќи ја долгата магистрала на познатиот пат од Римско време – Виа Игнација, која поминува низ Пелистер ќе имате и вие можност да чекорите по патот по кој поминувале Апостол Павле, македонската фаланга, римските легии и византиските цареви.

Она што го има Пелистер како дополнителна убавина, резервирана само за амбициозните планинари се двете глечерски езера, наречени пелистерски очи, или познати уште како горски очи. Во овие води се кријат сите тајни на минатото, сегашноста и иднината, кои се инспирација за на многубројни планинари.

Големо езеро

За тоа говори и фактот што секоја година, особено за време на летниот период, пелистерските очи се набљудувани од илјадници љубопитници. Домашни и странски туристи од целиот свет, од Чешка, Полска, Англија, Бугарија, Словенија… Доказ дека убавината на овие две езера не е само бајка зборува и податокот што заедно со пештерата Врело и Охридското Езеро беа ставени на листата за седумте чуда на природата од страна на Македонскиот комитет за номинација.

Мало езеро

Пелистерските очи имаат своја легенда за настанувањето. Таа вели дека езерата се создале од солзите на двете сестри кои биле вљубени во убавото момче Пелистер. Но, нивната мајка не дозволувала ниту една од нив да се омажи за момчето. Во бес ги испратила в планина и ги проколнала да бидат блиску една до друга, но, сепак, да не можат да се видат. Талкајќи низ шумата, едната сестра дошла до местото каде што сега се наоѓа Големото, а другата Малото Езеро. И двете скршени од болка по несудената љубов, почнале да леат солзи. И двете пролеале толку многу солзи што од нив се создале двете прекрасни езера.

4х4 џип турнеја на Пелистер, во траење од 6-8 саати. Со професионален возач и водач. Инфо на емаил [email protected], на тел. 071 258 211 и 075 992 797 или во Тобако Луна, лоцирано во близина на Камен Мост, ул.Широк Сокак 119…

Meet Baba mountain

If you want a runaway from your city, choose the Baba Mountain. Let yourself be calm in unlimited quantities, wonderful clean air and perfect sights that will fill your eyes.
The Baba mountain, with its peak Pelister, is located in the southern part of the Republic of Macedonia and have alpine characteristics. Pelister is situated between two valleys of Pelagonia and Prespa. Pelister is about 465 million years old and he is the highest peak of the mountain with 2,601 meters above sea level.
The name Pelister originates from the ancient period, which is probably given by the ancient Macedonian tribes, Pelagonians and Lynkestides who lived directly under the mountain Baba in this part of Pelagonija. Among the people there is a legend that the name Pelister comes from the words “five leaves”, in honor of the fifth-molten pine Molika, which is abundant on this mountain. It also has the opinion that the name “Pelister” is a coin from white + ister = white-ister = pelister. An analogy is taken from the name of the Istra peninsula and other toponyms from the prehistoric, antique-Venetian period. In the Macedonian language as well as millennia, the meaning of the “stinger” has been used and signified something that has been expelled, exited, in height, at sea, etc.

 Another legend, however, says that the name comes from the Greek word “peristeri” which means dove, because of the white stone, which, when viewed from a distance, resembles a dove.
The flora and fauna of Baba are part of Pelister National Park. The most favorable for obtaining the National Park statute is the 5-thorth borer MOLIKA – discovered by the Austrian botanist August Griesebach in 1839. It is also present on other mountains in the Balkans, but here it builds the most compact forest community. Walking through Pelister you will find stems older than 230 years old. In spring and summer, the meadows are decorated with colorful flowers of the Pelister celestial dew, guardhouse and pelistery stone.
If you want archeology, find time to visit the settlements of the Iron Age and the medieval period that are in the immediate vicinity of the park. Following the long highway of the famous road from the Roman time – Via Egnatia, which passes through Pelister, you will have the opportunity to walk along the road that the Apostle Paul, the Macedonian phalanx, the Roman legions and the Byzantine emperors passed.
What Pelister has as an extra beauty, reserved only for ambitious mountaineers are the two glacial lakes, called Pelister’s eyes, or known as the gaze of the eyes. These waters cover all the secrets of the past, the present and the future, which are an inspiration for many mountaineers. This is also evidenced by the fact that every year, especially during the summer period, Pelister’s eyes are monitored by thousands of curious people. Domestic and foreign tourists from around the world, from the Czech Republic, Poland, England, Bulgaria, Slovenia … Proof that the beauty of these two lakes is not just a fairy tale, and the data that together with Vrelo Cave and Lake Ohrid were listed on the seven wonders of nature By the Macedonian Nomination Committee.
Pelister’s eyes have their own legend of becoming. Legend says that the lakes were created from the tears of the two sisters who were in love with the beautiful boy Pelister. But their mother did not let either of them marry with him. In anger she sent them into a mountain and cursed them to be close to one another, but, nevertheless, they can not be seen. Wandering through the forest, one sister came to the place where Big lake is now, and the other the Little Lake. Both of them were broken with pain after their unconditional love, tears began to flow. Both shed so many tears that they created the two beautiful lakes.

4х4 jeep Tour on Pelister. With professional driver and ranger. Info on [email protected], tel. + 389 71 258 211 and +389 75 992 797 or Tobacco Luna located at Stone Bridge in Bitola, Shirok Sokak 119…
Извор hybread.mk

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here