„Цариградски гласник“, во бројот 31 од 31 јули 1898 год., донесе мошне интересна дописка од Битола за градежните зафати што ги презел пред три години устоличениот гувернер Абдул Керим паша во градот. Пред да ги наброи, дописникот од Битола ќе ги изрази големите надежи на земјоделците од Битолско дека родот таа година се очекувал да биде бериќетен, откако претходниот бил катастрофален заради сушата. Бидејќи за првпат се нудат изворни и од прва рака податоци во вториот дел од дописката, текстот го нудиме во целост. Еве го:
„На Широк Сокак, најубавата улица во нашиот град се наоѓа еден голем простор на кој нашиот валија Н. Е. Абдул Керим паша, кој постојанао се грижи за разубавувањето на градот, изгради голема зграда, која скоро ќе биде готова, а во која ќе биде сместена тутунската режија и ѓумрукот за вино, а приходот ќе биде наменет за овдешната градска болница, која пред две години беше изградена, исто така, со грижата на Н. Е. Абдул Керим паша.(1)
Нашиот валија се грижи, исто така, и за регулирање на улиците, за канализирање и калдармирање на истите, за изградба на нови мостови на сите градски рекички, за подигање паркови на сите пусти и празни места каде граѓаните ќе ги поминуваат летните денови под ладовината на засадените дрвја и во чија средина ќе бидат засадени и алеи.Нека бог го поживи Н.Ц.В. Султанот што ни поставува вакви умни и вредни чиновници во неговата широка царевина, исто така, нека е голема фала на
Абдул Керим паша кој неуморно се грижи за сите царски поданици во доверениот му вилает“, се нафатил со канализацијата и калдрмирањето на улиците, туку и во масовното озеленувањето на градот. (2)
(1) Александар Стерјовски, Валијата Абдул Керим паша и Битола, Во: Битола и Кемал Ататурк, Gazi univedrsitesi, Ankara, Св. Климент Охридски – Битола, Битола, 1998, 407-416
(2) Коментар:
1. Објектот од Широк Сокак за кој се говори во дописката е подоцнежниот театар. За првпат се открива дека првичната намена не му била уметничка, туку стопанска, односно дека служела за приходи за работа на една од Керимпашините болници.
2. Болницата се викала „Гураба Хаста Хане“ (Болница за сиромашни). Од дописот се гледа дека изградена била година дена по стапувањето на Абдул Керим паша на местото валија. Другите две, кои се наоѓале во нејзина близина, биле од подоцнежниот период и биле „Франги Хаста Хане“ (Болница за венерични болести) и „Тимар Хане“ (Болница за душевни болести).135 До денес опстоила првата, останатите се уништени за време Првата светска војна.
3. И со овој допис се потврдува големата заслуга на овој валија во модернизацијата на градот, кои не само што се
Цариградски гласникъ, бр. 31, 31 юлий 1898
Петар Бојаџиевски, Здравството во Битола низ вековите, Друштво за наука и уметност – Битола, Битола, 1992, 216-217
Калеидоскоп, проф. Александар Стерјовски