Битолчанката Калипсо Налча била прва жена диригент на Балканот. Родена е 1915 г. во Битола. Во прв ред таа била пијанистка која стручно се определи како диригент. Својата музичка професионалност ја манифестираше кај локалниот режимски хор „Кајмакчалан” и како хонорарен наставник во Гимназијата. Бидејќи хорот секоја недела и празници учествуваше во црквата “Св. Димитрија“, Калипсо и тука се појавуваше.
Во пролетта 1935 год., имала посебен „бенд“, составен од дваесетина инструменталисти на усна хармоника. Беа купени германски хармоники „хонер“, и го одржуваа гала концерт во чест на Свети Кирил и Методиј, на 24 мај 1935 год. во преполнетата свечена сала во Офицерскиот дом, каде е изведен следниот репертоар:
Од првиот колор филм „Пастир Костија”, која музичка нумера, како лајтмотив почнуваше вака :
Запеј си песна кога те мори тага Еј, песната е најдобар лек
Запеј си една, на редот е друга, и така со песни мини го сиот век.
Втора нумера, мошне популарна тогаш, беше песна хит од Прага, „Кукачка“ (Кукавица) еве го првиот куплет:
Мојата женичка, птичка преселничка често менува дом,
Час љуби едно го, а час друго го,
Тоа е нејзин сон…
Интересно е што во репертоарот се најде една македонска песна, тогаш многу популарна “Божана“ и еве илустративно:
Што ми е мерак полјак да бидам, мори Божано, полјак да бидам на твојата нива, мори Божано, Ти дами жнееш, јас те гледам, мори Божано,
а векуваме, мори Божано…
Го водела и Детскиот еврејски хор во Битола како пијанист и музички педагог.
Била во брак со Виктор Акимовиќ, на кого му била втора жена и љубовта од неговата младост. Имала една посвоена ќерка која сега најверојатно живее во Р. Грција.
Умре на 5ти Април 1987 во Скопје.
Податоците се раскажувања од Д.Д.Такец, Википедија, Глобус магазин.