Осмиот и деветиот ден беа поминати пешки на релација Кожуф – Гевгелија, после што беше посетен меморијалниот центар во Богородица од грчка страна, каде експедицијата беше пречекана од грчката погранична полиција. После тоа отидоа во Солун каде со највисоки почести беа пречекани од страна на Францускиот конзул. После трибината имаше и прес конференција од каде заминаа за Скопје во Францускиот Институт каде истотака направија средба и прес.

Доживување било несекојдневно и необично, со безброј авантури, неописиви пејсажи и моменти кои понатаму ќе бидат прераскажани најверојатно во книга од дневникот кои го запишуваа француските патувачи. Секоја чест за битолчанецот Петар Нолев кој несебично даде голем удел во целата приказна која после 100 години беше пак обновена.

Им благодариме на сите нив и за раскажувањата и за фотографиите. Честитки…

Галерија

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here