Дел од фотографското наследство на еден од најзначајните битолски фотографи, Наум Уни Карабатак, било спасено од заборав благодарение на страста и посветеноста на колекционерот Наум Робе.

Во својата богата колекција на аналогни фотоапарати, фотографии и фотографска опрема, Робе успеал да сочува и оригинални фотографии од Карабатак – човекот кој во 1966 година ја добил престижната награда „Оскар“ за најдобра фотографија, со што останува запаметен како единствениот Влав и еден од ретките автори од овие простори кои се закитиле со ова светско признание.
Фотографиите на Карабатак, наместо да завршат на отпад или неповратно да исчезнат, денес претставуваат вредно сведоштво за едно време и за мајсторството на човекот кој оставил длабока трага во историјата на фотографијата.

Приказната за спасувањето на овие дела е потсетник колку е важно зачувувањето на културното наследство и колку поединци, како Наум Робе, можат да придонесат богатото минато на Битола да остане достапно за идните генерации.
Оригиналната објава на порталот Факултети може да ја прочитате тука:
Извор: Факултети
