АШИЦИ
Една од постарите игри која одамна се играла помеѓу битолчани е играњето ашици.
Ашици (на турски : aşik ) е ковче од глуждот на јагне или јаре и има голема сличност со зарот,посебно по тоа што има четири отпорни положби на хоризонтална рамнина .
По некои пишувања играта датира уште од пред 2500 години,а по некои од 18ти век.
Традиционално се играше на рамна површина,маса и сл. Победникот ги добивал ашиците од победениот.
Имало повеќе начини за играњето со ашици.Еден од нив се играл со четири ашика.Се држеле во едната рака сите заедно и се фрлале во воздух,по што кој повеќе ќе фати тој ќе победи.
Фрлањето ашици било до некаде 70тите години од прошлиот век.
Многу од вас можеби и на подруг начин играле “ашици” и со задоволство Ве очекуваме за тоа да ни напишете и објаснете.
Играњето со ашиците е една од заборавените игри кои некогаш по цел ден ги играле битолчани.
Ашиците се игра која и ден денес се споменува и за која сеуште кружи старата изрека помеѓу нас битолчани:”Немој ти со мене ашик да си играш”…