Сега кога малку спласнаа впечатоците од синоќешниот избор на Јуниорскиот Евросонг би сакала да истакнам дека Македонија никогаш претходно не била толку сплотена во поддршката и следењето на настапот на нашите претставници.

Имавме одлични претставници, исклучителни вокали , никогаш подобра композиција и искрено сите сме изненадени од резултатот . Песната ” Маратон “се пееше на секое ќоше низ ходниците во хотелот и зад сцената, публиката скандираше и пееше со нив за време на настапот!

Исходот зависи од многу фактори кои не се во моќ на децата !!!
Евровизија била и ќе биде настан каде што очигледно ние нема многу што да очекуваме!!!

Честитки од срце за Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски за издржливоста ,посветеноста и одлучноста како вистински професионалци, изнесоа товар каков што возрасни луѓе не носат за три животи!

Пример беа за мирни, вредни , паметни, љубезни и воспитани млади луѓе !

Горди сме што достојно ја претствија Македонија и вредностите на македонскиот народ

Се заблагодаруваме на огромната несебична поддшка на :

Нашите фамилии кои во овој период дадоа надчовечки напори за да се издржи огромниот товар и да се одговори на сите барања и пропозиции на организаторот на Евровизијата!

На Марина Коруновска и Александра Ристовска за професионалноста и градењето на еден стабилен вокал кај Ана

На Лазар Цветковски ЛЦВ за извонреднта композиција и работата со децата

На Љупка Јакимовска за посветеноста во работата со нивниот сценски перформанс

На МРТ за дадената прилика за искуството кое ќе го паметат цел живот Дијана Гогова Атанасова и Раде

На сите пријатели кои беа во Офицерски, споделуваа информации и гласаа за Ана и Алексеј

На безбројните пораки и повици од целиот свет во знак на поддршка на Ана и Алексеј пред и после евровизијата

На порталите кои споделуваа информации со слики и видеа и даваа насоки за гласањето

На градоначалникот г-дин Тони Коњановски и Општина Битола за поддршката на настанот .

На КИЦ за отстапениот простор и техничката поддршка

На дечињата од ОУРЦ Кочо Рацин Битола за нивната изведба на песната со знаковен јазик.

На наставниците и родителите од сите Основни Училишта од Битола

На фамилија Бунтески за поддршката при престојот во Скопје

И нај нај многу на директорката ,целиот колектив , учениците и родителите на ОУ “Даме Груев” – Битола , кои го организираа настанот во Офицерски дом , снимаа видеа , подготвуваа транспаренти, се грижеа за техничката поддршка на настанот …..
Ве сакаме

“Животот не е спринт , тој е Маратон ”

Фамилија Ванчевски
Фамилија Илијеви