hdr_vivid

Живопис со приказ на Св. Ѓорѓи
Веднаш до Камениот мост во село Зовиќ се наоѓа живопис со приказ на свети Ѓорѓи, кој датира од поново време, односно од 1925 година која е испишана заедно со имињата на дарителите. На живописот централно е поставена фигурата на свети Ѓорѓи на бел коњ со развиорена црвена наметка како го убива аждерот. Живописот на карпата е реставриран во 2006 година од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Битола.