Пред неколку години Битола и битолчани беа ужаснати од украдената срна во битолската Зоолошка градина на Тумбе кафе. Случајот добил многу голема популарност помеѓу битолската публика. Истражните органи и полицијата си ја завршија својата работа за што понатаму и започнала судска постапка…
А таму…
“Господине Х.Х. зошто ја украдивте срната?”-запраша судијата.
“Честити Суде, се извинувам, тогаш бев многу пијан и навистина не знаев шо прам”…му одговорил обвинетиот.
Слушајќи го тоа судијата на цел глас му возвратил:
“Ако си бил толку многу пијан шо не го укради лаво!”…
Заради што и му ја пресудил најстрогата затворска казна…