„Женски Земјотрес“ во Битола носи поинаков фокус на домашната независна музичка сцена. Фестивалот, кој зад себе има 13 изданија во Скопје и 3 во Битола, овојпат ги става женските гласови во центарот на вниманието, отворајќи прашања за условите во кои создаваат музичарките, нивната видливост и поддршката што ја добиваат.

Во програмата се најавени дискусии и концерти со дел од најавтентичните имиња на домашната сцена, меѓу кои Дина Јашари, Елена Васова, Марија Каева и други. Настаните ќе се одржат на повеќе локации во Битола, а организаторите велат дека целта е музиката и културната енергија да се доближат и надвор од Скопје.
Целиот текст прочитајте го на: UMNO.mk
