Жарко Пешевски останува во Еурофарм Пелистер и во сезоната 2026/27

од April 1, 2026 0 коментари

РК Еурофарм Пелистер продолжува да ја гради својата иднина врз домашен квалитет и македонски репрезентативци. Во тој правец, клубот го продолжи договорот со кружниот напаѓач Жарко Пешевски, кој ќе го носи зелено-белиот дрес и во сезоната 2026/27.

Пешевски, кој е важен дел од македонската репрезентација, пристигна во Битола во период кога клубот бележи резултатски подем и освојување на трофеи. Неговото присуство се поклопи со еден од најуспешните периоди во поновата историја на Пелистер, а со новиот договор соработката ќе продолжи и во наредните предизвици.

Во клубот потенцираат дека стратегијата останува непроменета, да се гради тим околу квалитетни македонски ракометари, кои ќе бидат носители на играта и идентитетот на клубот.

Пред да се приклучи на Еурофарм Пелистер, Пешевски настапуваше за Металург, Мотор Запорожје и германски Штутгарт, каде стекна значајно меѓународно искуство.

Со продолжувањето на договорот, Пелистер испраќа јасна порака – амбициите остануваат високи, а битолската публика и во иднина ќе гледа борбен и квалитетен тим на теренот. 🍀🤍

Babam Bitola

Comments are closed.