Ракометарите на Еурофарм Работник со победа над Вардар Јуниор, 29-22, го завршија регуларниот дел од сезоната во Суперлигата. Избраниците на Илија Темелковски беа супериорни во однос на противникот и забележаа четврта победа во четвртиот натпревар од есенскиот дел во сезоната.
Домашните ракометари уште во првиот дел од дуелот ја направија клучната разлика. Во тој период доминираа бековите Мсквилидзе и Дрогришки, плус крилото Ојлески, кое ги казнуваше сите грешки на гостите и Еурофарм Работник на пауза замина со висока предност, 17-10.
Во второто полувреме, тренерот Темелковски им даде шанса на сите играчи од клупата, но тоа се почувствува во резултатот и предноста на „фармацевтите“ остана иста до конечните 29-22. Домашните сега се на лидерското место, барем 24 часа до мечот меѓу Пелистер и Охрид, на кој ќе чекаат кикс на градскиот ривал.
Повеќе на Гол.мк