Со работен состанок на клупската управа, стручниот штаб, медицинскиот тим и комплетниот ростер на професионални ракометари, денес официјално започна сезоната 2025/26 на новиот суперлигаш – Еурофарм Пелистер 2. Најмладиот клуб во македонската ракометна елита, по едногодишна пауза, се враќа во Суперлигата со амбициозен тим и јасна визија.
Првиот собир се одржа во спортската сала „Боро Чурлевски“, каде присуствуваа сите ракометари, освен Иван Младенов, кој моментално настапува за кадетската репрезентација на Европскиот младински фестивал во Скопје. Тој ќе се приклучи на подготовките од понеделник во Пехчево.
Главниот тренер Александар Зарков ги претстави новите имиња во тимот и детално го образложи планот за претсезонските подготовки. Првата фаза ќе се одвива во Битола, по што екипата заминува на централен тренинг-камп во Пехчево. Подготовките ќе завршат со низа тест натпревари и настап на традиционалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, каде Еурофарм Пелистер 2 ќе се натпреварува со Пролет и Црвена Звезда (Србија).

Ростер на Еурофарм Пелистер 2 за сезоната 2025/26:
Голмани:
Мартин Јовановски, Иван Младенов, Мелин Фехми
Леви крила:
Иван Димитровски, Леонид Лозановски, Стефан Лазаревски
Леви бекови:
Христијан Митревски, Мохамед Азис, Томче Пецаковски, Алдин Фехми
Средни бекови:
Славчо Шулески, Стефан Дрогришки, Дамјан Наумовски
Десни бекови:
Баптист Одифред, Бојан Гичев, Илија Илијевски, Лука Ѓорѓиевски
Десни крила:
Ненад Белистојаноски, Јован Даневски, Андреј Дамчевски
Кружни напаѓачи:
Петар Маркоски, Иван Велески, Александар Славков
Стручен штаб:
Главен тренер: Александар Зарков
Асистенти: Михајло Силјанов и Васко Димитровски
Тренер на голмани: Зоран Атанасовски
Физиотерапевт: Иванчо Тодоровски
Нови имиња во тимот:
Славчо Шулески и Јован Даневски (од Тиквеш), Баптист Одифред (Даипо Стип – Јапонија), Илија Илијевски (Вардар Неготино), Мелин и Алдин Фехми, Иван Велески, Леонид Лозановски, Лука Ѓорѓиевски, Андреј Дамчевски и Стефан Лазаревски (од младинската екипа на Еурофарм Пелистер)
Клубот се раздели со:
Василије Печурица, Богдан Мијушковиќ, Никола Блажевски, Марко Димовски и Дејан Југовски
Со обновен ентузијазам, подмладена постава и силна поддршка од клубот, Еурофарм Пелистер 2 влегува во новата сезона подготвен за сериозен настап во Суперлигата.





