Денес во рамките на плеј-аут натпреварувањето од македонската ракометна Суперлига, младиот состав на Еурофарм Пелистер 2 ќе го пречека тимот на РК Струга.

Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток од 17:30 часот, каде битолчани ќе имаат можност пред домашна публика да дојдат до значајни бодови во борбата за опстанок.
Младиот тим на Пелистер 2 продолжува со развој и докажување, а ваквите натпревари претставуваат одлична можност за афирмација на новите ракометни надежи на клубот.
