ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР СО ШЕСТ МЛАДИНСКИ ЕКИПИ ВО НОВАТА СЕЗОНА

од August 22, 2026 0 коментари

Паралелно со подготовките на сениорските состави, со полн интензитет се одвива и предсезонската работа во младинскиот погон на РК Еурофарм Пелистер и РК Еурофарм Пелистер 2.

Во сезоната 2026/27, двата клуба ќе бидат застапени во сите возрасни натпреварувачки категории, со вкупно шест екипи во системот на младинските натпреварувања.

Тренинзите се реализираат според планираната програма, со акцент на физичката подготовка, техничко-тактичкиот развој и постепеното подготвување на младите ракометари за повисоко натпреварувачко ниво.

Од клубот остануваат посветени на развојот на сопствената школа и создавањето нови генерации играчи кои во иднина треба да бидат дел од сениорските состави и да го носат зелено-белиот дрес.

Големиот број млади ракометари и шесте натпреварувачки екипи се потврда дека Еурофарм Пелистер продолжува да инвестира во сопствената иднина.

Babam Bitola

Comments are closed.