По повод роденденот на навивачката група Чкембари, од РК Еурофарм Пелистер пристигна емотивна честитка до најверните поддржувачи на зелено-белите.

„Бевме заедно и во добрите и во лошите моменти, заедно славевме победи и титули и бевме тажни во поразите. Но, меѓусебната љубов и почит никогаш не била во прашање, оти вие сте дел од нас, дел од тимот, нашиот осми играч… и тоа секогаш ќе остане така!“
Од клубот порачаа дека Чкембари се нераскинлив дел од „зелената армија“ и од сите големи моменти на Пелистер.
„Вие сте најдобрата навивачка група. Ова не го велиме ние, го велат другите. Ние тоа го знаеме и среќни сме што сте дел од нашата ЗЕЛЕНА АРМИЈА.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЧКЕМБАРИ и уште долго да се радуваме на победи и титули!“
Пелистер и Чкембари – приказна што не се мери само со победи и титули, туку со децении верност кон зелената боја и Битола.