Во исклучителна атмосфера во Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, Еурофарм Пелистер вечерва одигра силен и борбен натпревар против актуелниот европски првак Магдебург, но дуелот заврши со победа на гостинската екипа со резултат 26:31.

На трибините владееше препознатливиот „битолски пекол“, а публиката уште еднаш беше вистински „осми играч“ на пелистерци. Со огромна енергија и поддршка без прекин, навивачите создадоа амбиент достоен за европска сцена, кој ги принуди гостите да го дадат својот максимум за да стигнат до победата.

Еурофарм Пелистер покажа исклучителна борбеност, дисциплина и храброст, демонстрирајќи дека може рамноправно да се носи со најдобрите тимови во Европа. Одбраната функционираше цврсто, голманските интервенции во клучни моменти ја држеа неизвесноста, а нападот упорно го пробиваше силниот систем на Магдебург.

И покрај поразот, битолскиот состав остави силен впечаток и уште еднаш потврди дека боите на клубот се бранат со срце, карактер и максимална посветеност.