Од РК Еурофарм Пелистер упатија благодарност до навивачите кои и во период на летни одмори ги исполнија трибините во салата „Боро Чурлевски“ и му дадоа силна поддршка на тимот на стартот од новата сезона.

„Во август и во сезона на летни одмори да се види вака полна сала е за секаква почит. Ви благодариме на љубовта“, порачаа од клубот.
По победата над Партизан со 35:31, зелено-белите повторно ќе играат пред битолската публика веќе во среда, кога противник ќе им биде РК Ловќен.
Битола уште еднаш покажа дека живее за ракометот.
