Еурофарм Пелистер в недела, 23 август, ќе го одигра првиот официјален натпревар во сезоната 2026/27. Битолчани во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе го пречекаат белградски Партизан, во рамките на Регионалната ракометна лига.

Натпреварот е закажан со почеток во 18:00 часот и ќе биде првиот официјален предизвик за екипата на Лино Червар во новата сезона.
Продажбата на единечните билети започнува утре (среда) во 12:00 часот. Билетите ќе можат да се набават онлајн преку kartieurofarm.mk, како и на продажните места T.A. S-Travel Bitola и Dimpo Tobacco.
Со дуелот против Партизан, ракометната сезона официјално започнува и пред битолската публика во „Боро Чурлевски“.
