Еурофарм Пелистер пред Барселона и ПСЖ по посетеност во Лигата на шампионите

од June 9, 2026 0 коментари

БИТОЛА – Еурофарм Пелистер се најде меѓу клубовите со најголема просечна посетеност во ракометната Лига на шампионите за сезоната 2025/26. Според статистиката објавена од платформата Datahandball, битолскиот клуб го зазема 11. место со просек од 3.000 гледачи по домашен натпревар.

Она што особено привлекува внимание е фактот дека Еурофарм Пелистер е пред неколку европски великани. Има поголема просечна посетеност од данскиот ГОГ (2.850), францускиот Пари Сен Жермен (2.751), шпанската Барселона (2.353), португалскиот Спортинг (2.148) и романскиот Динамо Букурешт (1.867).

На врвот на листата се наоѓа германскиот Фуксе Берлин со просек од 6.758 гледачи, пред Нант (6.417) и Магдебург (6.191).

За град како Битола, со значително помал број жители од европските метрополи, оваа статистика претставува уште една потврда за огромната поддршка што клубот ја добива од своите навивачи. Битолчани уште еднаш покажаа дека ракометот не е само спорт, туку дел од идентитетот на градот.

Да се биде пред клубови како Барселона и ПСЖ по посетеност не е само бројка, тоа е доказ дека Битола живее за Пелистер.

Фото: Datahandball / EHF Champions League.

Babam Bitola

Comments are closed.