Битола уште еднаш потврди дека ракометот е нејзината најголема спортска гордост. Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер е прогласен за најдобар клуб во Битола за 2025 година, продолжувајќи ја традицијата на успеси, стабилност и спортска доминација на домашната сцена.
Зеленo-белите зад себе имаат година исполнета со резултати, борбеност и европски предизвици, а признанието претставува круна на трудот на раководството, стручниот штаб и ракометарите. Оваа награда е уште една потврда дека клубот останува симбол на битолскиот спортски дух.
Индивидуални признанија за ракометните ѕвезди
Во категоријата најдобар спортист во колективни спортови за 2025 година, признанието му припадна на . Со своите настапи, лидерство и клучни голови во најважните натпревари, Кузмановски ја одбележа годината и уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите ракометари кои ги има изнедрено Битола.
Веднаш зад него, како втор најдобар спортист на Битола за 2025 година, се најде . Неговата сигурност на голот, искуството и континуитетот во формата беа клучни во најтешките моменти од сезоната.
Признанијата не застанаа тука. За најдобар млад спортист на Битола за 2025 година беше прогласен , кој со својата енергија, талент и зрелост на теренот најавува блескава спортска иднина.
Во младинска конкуренција, кадетскиот тим на Еурофарм Пелистер ја доби наградата за најдобар младински тим за 2025 година, што е доказ дека клубот систематски вложува во младите категории и гради генерации што ќе ја носат зеленo-белата боја и во иднина.
Гордост на градот
Со овие признанија, Еурофарм Пелистер уште еднаш ја обедини Битола околу спортот. Успесите на клубот и на поединците не се само резултат на талент, туку и на посветена работа, визија и поддршка од верните навивачи.
2025 година ќе остане запишана како уште една шампионска страница во спортската историја на Битола – година во која зеленo-белите повторно покажаа дека се повеќе од клуб, тие се симбол на градот.




