Еурофарм Пелистер – најдобро рангираниот македонски ракометен клуб според ЕХФ

од June 27, 2026 0 коментари

РК Еурофарм Пелистер е најдобро рангираниот македонски клуб на најновата клупска ранг-листа на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Битолскиот шампион се наоѓа на 28. место во Европа со 92 бодови, што го прави најуспешно рангираниот клуб од Македонија. Рангирањето е формирано врз основа на резултатите остварени во последните три европски сезони – 2023/24, 2024/25 и 2025/26.

Новиот систем на ЕХФ ги вреднува настапите на клубовите во европските натпреварувања и, покрај престижот, има значење и при носителството на ждрепките за идните сезони.

Битола повторно е гордо претставена на европската ракометна сцена.

Babam Bitola

Comments are closed.