Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер денес официјално му се заблагодари на словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте, по успешната соработка која траеше од 2023 година. Во тој период, Цехте беше значаен дел од тимот и одигра важна улога во освоените две шампионски титули во Македонија, како и Суперкуп-трофејот.

Цехте со својата посветеност, борбеност и професионален однос стана омилен меѓу навивачите и остави силен печат во зеленобелиот клуб. Од Еурофарм Пелистер упатуваат искрена благодарност за сѐ што направи за тимот и за ракометната заедница во Битола.

„Му посакуваме многу успех во продолжение на неговата кариера, во новиот клуб и новите предизвици. Нејц е вистински професионалец и извонреден човек, кој секогаш ќе има место во срцата на битолчани“, соопшти клубот.
СРЕЌНО НЕЈЦ! БИТОЛА СЕКОГАШ ЌЕ ТЕ ПАМЕТИ!





