Еурофарм Пелистер е третиот учесник на „фајнал-фор“ на Купот на Македонија во ракомет, откако во финалето на битолската четвртфинална група го надигра жилавиот Охрид со 27-21 (14-11).
Ракомет
Куп на Македонија
Четвртфинале
Еурофарм Пелистер – Охрид 27-21 (14-11)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 1.500
Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски
Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Мараш 2, Ојлески, Маркоски 2, Маџовски 1, Кукуловски, Мандалиниќ 8, Танкоски, Костески, Кукоски, Божиќ Павлетиќ 6, Граџан 4, Обрадовиќ, Табоада 4
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 4 минути
Охрид:
Брауновиќ, Ацев, Андоноски 2, Кривокапиќ 2, Костов, Николов 2, Шилегов 7, Ковачески, Шулески, Младеновиќ 2, Никола Ристески, Тасески 1, Грубор 1, Манасков 2, Ивановски 2, Николче Ристески
Седмерци: 6/5
Исклучувања: 2 минути
РК Еурофарм Пелистер