Еурофарм Пелистер го претстави Алекса Колаковиќ како ново засилување за сезоната 2026/27

од June 21, 2026 0 коментари

Македонскиот шампион РК Еурофарм Пелистер продолжува со засилувањата за новата сезона. Нов член на битолскиот клуб е српскиот репрезентативец Алекса Колаковиќ, кој потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.

Дваесет и осумгодишниот среден бек, роден во Подгорица, во Битола пристигнува од француското првенство, каде што настапуваше за екипите на Сант Рафаел и Шартр. По четири сезони во Сант Рафаел и две во Шартр, Колаковиќ реши кариерата да ја продолжи во редовите на македонскиот шампион.

Српскиот интернационалец има и шест настапи за сениорската репрезентација на Србија, а неговите игри во една од најсилните европски лиги беа доволна препорака за трансфер во Битола.

Со ангажманот на Колаковиќ, Еурофарм Пелистер го доби деветтото засилување во пресрет на сезоната 2026/27. Претходно клубот ги ангажираше Серафимов, Котар, Мехмедовиќ, Џелетовиќ, Татар, Белистојаноски, Басанесе и Џелиловиќ.

Колаковиќ ќе биде официјално претставен пред битолската јавност на стартот од подготовките за новата сезона, кои започнуваат на 24 јули.

Babam Bitola

Comments are closed.