Минаа 45 дена од последниот натпревар и прославата на шампионската титула, а ракометарите на Еурофарм Пелистер повторно се собраа во спортската сала „Боро Чурлевски“ за почеток на подготовките за новата сезона 2025/26.

Со работен состанок и официјално беше означен стартот на новата сезона. Присутните имаа можност да го запознаат новиот тренер Рубен Гарабаја, како и дел од новите засилувања во тимот. Очекувајќи ги медицинските тестирања овој викенд, на тимот ќе му се приклучат и Ибрахим Калед Валис, Ник Хенигман и Рудолф Хекберт.

Спортскиот директор Звонко Шундовски се обрати пред играчите, а новиот тренер ја презентираше својата програма за летните подготовки.

Ростерот за сезоната 2025/26 изгледа вака:

Голмани: Никола Митревски, Саид Хаидарирад, Давид Брестовац
Леви крила: Дејан Манасков, Петар Атанасијевиќ, Цветан Кузманоски
Леви бекови: Филип Кузмановски, Ник Хенигман, Павле Атанасијевиќ
Средни бекови: Домен Тајник, Мирче Калајџиески, Алем Хаџиќ
Десни бекови: Усама Хосни, Нејц Цехте, Анџеј Видомски
Десни крила: Богдан Радивојевиќ, Рудолф Хекберт
Кружни напаѓачи: Ибрахим Калед Валис, Жарко Пешевски, Самоил Ристевски
Дефанзивец: Илија Абутовиќ

Стручен штаб:
Тренер: Рубен Гарабаја Аренас
Асистенти: Алексо Лембанов, Александар Марковски
Тренер на голмани: Ице Соколески
Спортски директор: Звонко Шундовски
Физиотерапевти: Небојша Василевски, Николче Митревски

Дојдоа:
Ибрахим Калед Валис (Бешикташ), Саид Хаидарирад (Партизан), Мирче Калајџиески (Еурофарм Пелистер 2), Рудолф Хекберт (Куенка), Ник Хенигман (Шартр), Анџеј Видомски (Гвардиа Ополе)

Заминаа:
Емилијан Ѓорговски, Урош Борзаш, Ненад Костески (Алкалоид), Мохамед Мамдух Шабиб, Филип Ивиќ, Павле Петровиќ (Линц)

Првата фаза од подготовките ќе се реализира во Битола, по што од 4 август следува централниот дел на подготовките на Златибор со контролни натпревари. По враќањето, тимот ќе настапи на турнири во Охрид (19–23 август) и Скопје (28–31 август).

Прв официјален предизвик во новата сезона ќе биде Суперкупот на Македонија против Вардар 1961 на 3 септември