ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР ГО ОБЈАВИ СЕПТЕМВРИСКИОТ РАСПОРЕД – ПЕТ НАТПРЕВАРИ И СТАРТ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ

од September 1, 2026 0 коментари

Еурофарм Пелистер го објави распоредот на натпревари за септември, месец во кој битолскиот ракометен клуб го очекуваат пет натпревари на домашна и меѓународна сцена.

Првиот натпревар е закажан за 6 септември, кога „зелено-белите“ гостуваат кај ГРК Охрид. На 12 или 13 септември во Битола гостува Мулти Есенс, додека на 19 или 20 септември пелистерци ќе гостуваат кај Струга.

На 26 или 27 септември следува и дуелот со Еурофарм Пелистер 2, а септемвриската програма ќе биде заокружена на 30 септември, кога во Битола пристигнува шпанска Ла Риоха во рамки на ЕХФ Европската лига.

Од клубот ги повикаа навивачите да ги запишат термините и повторно да бидат поддршка од трибините во новата сезона.

Септември носи нови ракометни предизвици за Битола и Еурофарм Пелистер.

Babam Bitola

Comments are closed.