РК Еурофарм Пелистер го продолжи договорот со кружниот напаѓач Никола Граховац, кој ќе остане во клубот и во сезоната 2026/27, со опција за продолжување и за 2027/28.
Иако релативно ново име во зелено-белиот дрес, Граховац за кратко време успеа да го наметне својот квалитет и да стане важен дел од тимот. Неговите настапи донесоа сигурност и стабилност на линијата, што беше брзо препознаено и од стручниот штаб и од навивачите.

Пред да пристигне во Битола, Граховац градел кариера во Хрватска, Унгарија и Германија, стекнувајќи значајно меѓународно искуство.
Со македонските репрезентативци Жарко Пешевски и Самоил Ристевски, Пелистер добива силна и квалитетна ротација на позицијата кружен напаѓач, што претставува сериозен адут за претстојните предизвици на домашната и европската сцена.
Со овој потег, клубот уште еднаш потврдува дека гради стабилен и конкурентен тим, со јасна визија и амбиција за успех.
