Еурофарм Пелистер гостува во Скопје во третото коло од Плеј Офот

од March 25, 2026 0 коментари

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во сабота ги продолжуваат настапите во плеј оф фазата од Суперлигата. Во рамките на третото коло, битолчани гостуваат во Скопје, каде ќе се соочат со екипата на Вардар.

Натпреварот ќе се одигра на 28 март со почеток од 18:00 часот во спортската сала „Антон Димитров“.

По силниот старт во плеј офот, Пелистер ќе се обиде да продолжи со победничкиот ритам и да ја потврди шампионската амбиција. Овој дуел секогаш носи дополнителен мотив и атмосфера, а се очекува уште една вистинска ракометна битка.

Поддршката од трибините, како и секогаш, ќе биде важен фактор, па се очекува и присуство на верните „Чкембари“.

Битола диши за Пелистер.

Babam Bitola

Comments are closed.