Еурофарм Пелистер ги започна подготовките за новата сезона, Лино Червар го одржа првиот состанок со тимот

од July 26, 2026 0 коментари

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер и официјално ги започна подготовките за сезоната 2026/27. Почетокот беше означен со работен состанок на кој новиот шеф на стручниот штаб, Лино Червар, им се обрати на ракометарите, го претстави планот за подготовките и им посака успешно, здраво и резултатски богато првенство.

Во текот на денот екипата ќе има заедничка вечера, а во наредните два дена ќе ги мине задолжителните медицински тестови пред почетокот на тренажниот процес.

Во новата сезона дресот на Еурофарм Пелистер ќе го носат новите засилувања Алекса Колаковиќ, Мартин Серафимов, Миха Котар, Омер Мехмедовиќ, Едвин Џелетовиќ, Малик Татар, Ненад Белистојаноски и Диего Басанесе.

Од клубот, пак, си заминаа Усама Хосни, Богдан Радивојевиќ, Илија Абутовиќ, Домен Тајник и Дејан Манасков.

Пелистерци првата седмица од подготовките ќе ја реализираат во Битола, по што ќе заминат на базични подготовки во Словенија, каде ќе ја темпираат формата за предизвиците што ги носи сезоната 2026/27.

Babam Bitola

Comments are closed.