Македонскиот претставник во ЕХФ Европската лига, Еурофарм Пелистер, ги доби своите противници во групната фаза од натпреварувањето за сезоната 2026/27.
Според денешната ждрепка, битолскиот клуб ќе настапува во Групата Г, каде за пласман во следната фаза ќе се соочи со германскиот Гумерсбах, шпанската Ла Риоха и полскиот ПГЕ Вибжеже Гдањск.

Еурофарм Пелистер повторно ќе има можност да се натпреварува на европската сцена против реномирани клубови, а љубителите на ракометот во Битола ги очекуваат нови возбудливи европски натпревари во салата „Боро Чурлевски“.
Термините и распоредот на натпреварите ќе бидат објавени дополнително од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ).
Следна објава
