Емоции, насмевки и нови почетоци: Полуматурантите од ОУРЦ „Кочо Рацин“ – Битола го одбележаа крајот на едно важно поглавје

од June 5, 2026 0 коментари

БИТОЛА – Со многу емоции, насмевки и гордост, во ОУРЦ „Кочо Рацин“ – Битола беше одбележана полуматурата на учениците кои завршуваат едно значајно поглавје од своето образование и зачекоруваат кон нови предизвици.

Наставниците, стручниот тим и вработените од училиштето со посебни чувства се збогуваа со генерацијата која низ годините остави безброј убави спомени, заеднички успеси и моменти што ќе останат засекогаш запаметени.

„Денес не испраќаме само ученици. Денес испраќаме дел од нашите секојдневни приказни, насмевки, успеси и спомени. Ги гледавме како растат, како учат и како чекор по чекор стануваат прекрасни млади луѓе“, порачуваат од ОУРЦ „Кочо Рацин“.

Од училиштето истакнуваат дека вистинската вредност на секој човек не се мери само преку оценките, туку преку добрината, љубовта и храброста да се следат сопствените соништа.

Полуматурата беше повод за гордост, но и за носталгија, бидејќи учениците го напуштаат својот „втор дом“, носејќи ги со себе спомените од училишните денови и луѓето кои верувале во нивниот успех.

„Каде и да ве одведе животот, понесете ги со себе убавите спомени. Вратите на училиштето секогаш ќе останат отворени за вас“, порачуваат од училиштето.

На сите полуматуранти од ОУРЦ „Кочо Рацин“ – Битола им посакуваме многу успех, среќа и исполнување на нивните соништа во новото животно поглавје што ги очекува.

Среќна полуматура!

Babam Bitola

Comments are closed.