На сликата се Григор и Катерина Цилка – брачен пар од мешано национално потекло.

Григор е Албанец од с. Високуќи, кај Корча, Катерина е Македонка од Банско, Пиринска Македонија. Се запознаваат и се венчаат во Њујорк. И двајцата припадници на протестантската црква и протестантски мисионери.

Во 1901 година Катерина како придружничка на Мис Стон во нејзината мисија низ Македонија е киднапирана од четата на Јане Сандански. Во текот на нивното заробеништво Катерина, која била бремена, се породила во селото Ратево, Малешевско.

Во 1908 година нејзиниот сопруг, Григор Цилка е делегат на „Битолскиот конгрес“
– академска конференција на група албански интелектуалци каде што се стандардизира албанското писмо, односно дотогашната арабица се заменува со латиницата.

Девојчето во рацете на Григор е неговата ќерка ЕЛЕНА, единственото дете кое се родило во чета, помеѓу заколнати борци на „слобода или смрт“.
Нејзиното име е дадено по желба на војводата Јане Сандански, во чест на Американката Елен.

Слава на сите и честит празник „Ден на албанското писмо“, донесено на денешен ден, во Битола.

Христијан Аџиоски