Сакам прво да упатам честитки за освоената есенска титула. Сега ни преостанува во подготвителниот период максимално да се подготвиме и да ја постигнеме онаа цел, која ја посакуваат сите битолчани и амбициозната управа – излез во Европа. Во взаемни консултации со управата заеднички се договоривме да доведеме уште 2-3 засилувања, на оние позиции за кои сметаме дека се дефицитарни.

Следува вториот дел од првенството, па потоа и плеј-офот за кој ни треба и широк ростер на играчи. Сметам дека и покрај финансиските проблеми кои ги има Металург, поради искуството од изминатите сезони има предност за освојување на второто место, но мислам дека ќе бидеме далеку поконкуренти во однос на минатите сезони. Во овој момент мислам дека е најреално да конкурираме за третото место, со тимот на Еурофарм“.

Повеќе на Гол.мк