​Деновиве сите битолчани ја почуствувавме позитивната промена која ни ја донесе снегот… и не само снегот, туку и правилното менаџирање и реализирање на проекти од кои сме воодушевени на самиот старт на една дамнешна битолска сага, ски центарот на Стрежево кој Нижеполе. Почетоците на Ски центарот  датираат од 1984 година кога беше изграден во склоп на комплексот “Нижополе”.Проектот беше реализација на дел од првата фаза од студијата “Пелистер, студија за зимско-туристичките можности”, изработена од страна на Проектантското биро “Тиволи” од Љубљана, Словенија. На место каде што некогаш порано беше бачило и каде жителите од с.Нижеполе садеја компири започна една битолска сага за која се надеваме наѕира една светла иднина. Во далечната 1986 г. беше изградена првата, а потоа во ’89 г. се изгради и другата жичарница. 

Ноќно скијање под рефлектори во Нижеполе

Ски центарот е воздушна бања и “извор” на чист пелистерски воздух, сместен во пазувите на Баба Планина над селото Нижополе. Се наоѓа на надморска висина од 1.300 m н.в. до 1.610 m н.в. и со градот Битола е поврзан со асфалтен пат со должина од 15 km. На теренот има можност за скијање на висина од 1.300 до 1.610 метри надморска височина.

Студии и планови за ски-терени до Орлови бари имале изработено разни странски експерти, започнувајќи од Словенците која е најекспонирана па се до Швајцарците за време на Југославија, па Катарците и др. Меѓу првите битолчани кои биле со проекти за развој на скијањето на Нижеполе до врвот на Муза биле Томе Делов и Стерјов кои беа големи вљубеници во планината и во зимските спортови, а едниот од нив беше и прв директор на ЈП „Стрежево“.

Впрочем, во времето на директорувањето на Делов беа изградени сегашната скијачка патека, како и населбата во зимско-летниот рекреативен центар Нижеполе. Но токму поради немање пари двата проекти останаа само пуста желба на битолчани и тие беа оставени во архивите на „Стрежево“ се до доаѓањето на сегашниот директор Марјан Ѓероски кој преку проект во Ноември 2015 г. успеа да се досегне до фондовите од Центарот за развој на пелагонискиот- плански регион и да му се одобрат десет проекти од програмата за рурален развој од кои долж скијачката патека е поставено осветлување, саниран е објектот бачило и е направен мал мини парк…

Со првиот снег беа создадени поволни услови и за ноќно скијање во Нижеполе, кое навистина не восхити сите нас. 

Обилниот снег кој заврна во Битола барем малку ни го промени тоа негативно расположение кое се таложеше годините наназад поради неможноста да се искористат скијачките терени во околината на Битола. Сето тоа надополнето со можноста во текот на ноќта да се користи скијачкиот терен т.н.”ноќно скијање” во Битола започнаа да се бараат скијачки реквизити како никогаш досега. Од најмало до најголемо сите побрзаа да го искористат бенефитот кој ни го донесе снегот кој падна во Јануари 2017. 

Тука да се надеваме дека не завршува познатата сага за битолчани и развојот на битолскиот регион. Да се надеваме дека уште повеќе ќе се работи и понатаму ќе се подобрат и малите недостатоци кои се неизбежни во секој нов почеток. Дека ќе се воведат и нови, позабавни содржини кои би биле добредојдени и во текот на пролетта и летниот период како маунтбајкинг, зипинг, параглајдинг … Од нас даваме една голема поддршка за сите убави проекти и да не заборавиме дека сите како домаќини сме обврзани да направиме нешто повеќе за нашиот град и да имаме голема почит кон сите кои имаат нешто убаво направено во разубавувањето на Битола, нашата бабам Битола…

Донирајте за Гоце од Битола, 13 години

Денарска сметка

 Гоце Марковски – Битола
 ж-ро сметка 530500020219122 при Охридска банка

 –    Девизна
 IBAN: МК075 3028 0005214009
 SWIFT: OHRDMK22

Може да се донира и на следниот линк:

https://www.gofundme.com/6v-help-goce-beat-tumor

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here