Една од најстарите цркви во битолско е црквата “Успение на Пресвета Богородица” с.Велушина

од August 28, 2017 0 коментари

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ е главната селска црква во с.Велушина и е една од најстарите ако не и најстара во битолско. Се наоѓа во близина на самиот селски пат. Во нејзината градба се забележуваат неколку фази.

Првата датира од крајот на 10 век и почетокот на 11 век; втората фаза датира од 12 век; а во 18 и 19 век била извршена најголемата реконструкција. Инаку, археолошките истражувања покажале дека црквата е градена на темелите на постара црква од 6 век. На зидното сликарство се откриени слоеви од 12 до 19 век.

Повеќе за црквите Успение на Богородица од с.Велушина и Богородица Пречиста од с.Граешница на следниот линк

https://www.academia.edu/10661744/Од_духовното_наследство_на_Via_Egnatia_црквите_Успение_на_Богородица_од_Велушина_и_Богородица_Пречиста_од_Граешница

слика непознат извор

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *