На 27ѓ08ѓ2023 г. во Србија Бујановац се одржа GFC 9 традиционален ММА турнир за ММА на кој Нинџуцу клуб Битола зеде учество со еден борец и издвојува професионална ММА победа против борец од Белград, Ахилеј боречка академија со завршница гушење во прва рунда после 2.5 минути борба. Игор Додевски ги одмери силите со Петар Жарич во категорија до 63кг. Жарич беше до сега со 6 ММА победи , непоразен и Игор успеа да го совлада школски и рутински и му го зададе првиот пораз.

Борбата започна уште на мерење со провокација од страна на српскиот борец кој сакаше да предизвика страв кај Игор гурајќи го, но напротив тоа предизвика дополнително мотивација плус за да Игор оваа борба ја одработи во вистинско светло и без поголеми потешкотии дојде до нова победа.

Следно веќе во месец Октомври се очекува GFC 10 турнир за каде клубот од Битола спрема борци кои ќе земат учество.