Многу од украсните фигури, вклучувајќи ги и тие на влезот во куќата на фамилија Дикови биле донесени и увезени од Австрија, заедно со плановите за куќата, мебелот и тие четири полуразголени мази кои ги поткрепуваат балконите.
Слични има и на ул. ,,Стерјо Георгиев“ во куќата на д-р Аврам Балабан.
Една од градбите е продадена на Ѓорги Димитровски судијата викан Косо, кој бил со станарско право сместен да ја користи куќата по војната заради неговата функција.
Во 1957/58 г. имало управна постапка во која куќата ја добил од државата, како што ги доделиле и многу други куќи кои биле на Ташко керестеџијата наспроти Гроздот. Државата на учесниците во НОБ им ги продаде ,за без пари“ сите тие убави куќи сосе клавири, печки ѕидани од Австрија, мебел и сл.
Извадок и повеќе во „Приказните од Широк сокак”