РК Еурофарм Пелистер во среда, 30 септември, ја започнува својата европска авантура во сезоната 2026/27. Првиот предизвик за битолскиот клуб во ЕХФ Европската лига е шпанскиот состав Ла Риоха, а натпреварот ќе се одигра пред домашната публика во спортската сала „Боро Чурлевски“.

Средбата започнува во 20:45 часот, а „зелено-белите“ очекуваат силна поддршка од трибините уште на првиот европски натпревар сезонава.
Од клубот порачуваат дека екипата е подготвена и дека заедно со своите навивачи сака европската сезона да ја отвори со позитивен резултат.
„Нашите момци се спремни, заедно со вашата поддршка, да ја започнеме европската сезона со победа“, порачуваат од РК Еурофарм Пелистер.
РК Еурофарм Пелистер – Ла Риоха
📅 Среда, 30 септември 2026
⏰ 20:45 часот
📍 Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Билетите се достапни онлајн преку kartieurofarm.mk, како и на продажните места T.A. S-Travel Bitola и Dimpo Tobacco.
Само еден тим, само еден град! 💚🤍🍀