ЕВРОПА ГО СТАВА ПЕЛИСТЕР МЕЃУ ГЛАВНИТЕ ФАВОРИТИ: БИТОЛЧАНИ ВТОРИ ВО ТРКАТА ЗА ТРОФЕЈОТ!

од • September 28, 2026 • 0 коментари

РК Еурофарм Пелистер со големи очекувања влегува во новата европска сезона. Во пресрет на стартот на ЕХФ Европската лига, битолскиот клуб се најде меѓу највисоко рангираните екипи во оценката на ЕХФ за фаворитите во натпреварувањето.

Пред „зелено-белите“ е само германскиот гигант Фленсбург, додека Пелистер е поставен на втората позиција, што дополнително ги зголемува очекувањата пред европската премиера во Битола.

Првиот предизвик пристигнува веќе во среда, 30 септември, кога во салата „Боро Чурлевски“ од 20:45 часот гостува шпанска Ла Риоха.

За Пелистер ова ќе биде почеток на нова европска приказна, а Битола уште еднаш ќе ја добие својата препознатлива ракометна атмосфера. На трибините се очекува и традиционалната поддршка од Чкембари, кои оваа година одбележуваат 41 година постоење.

💚🤍 Европа повторно доаѓа во Битола – а Пелистер овојпат во неа влегува со статус на еден од главните претенденти за трофејот.

Babam Bitola

Comments are closed.