Големата велина на македонскио народ во овие трагични дни за Евреите осете една силна љубов, искрени симпатии и солидарност кон Евреите. Таја солидарност је потпуно заслужена од овие разлози:
1.Стотина години живејат Македонци и Евреи заедно, кукја до кукја, дукјан до дукјан, стотина години се менуват поробителите на Македонија: едни идат, други одат. Положајо на македонскио и еврејскио народ си останува исти — робски.
2.Зулумите од страна на разни „освободители” почват на едните, но порано или покасно свршват на другите. Со стотици години насилието царуват во Македонија — и над Македонци и над Евреи. Истата робска судба, борбата против истијо душман искова едно силно оружје: братството, солидарноста и другарството мегју двата народи.
3.Фашиската пропаганда ред години докажува оти Евреите се непријатели на народо, дека го држеле капитало. Пред истината, и ова фашиска лага падна во вода. Ние знаеме оти имаше богати Евреи, но ние исто така знаеме оти грото од Евреите беа сиротиња и беда, саставена од амали, крпачи, улични продавци, работници. Македонскио народ је работен и сиромав. Тој можи да има само љубов према работнијо и беднијо еврејски народ.
4.Македонскио народ је преживеал и турско и српско и бугарско ропство. Секој поробител је барал шпиони и кодоши — и ги је најдувал. Но, Евреин кодош никогаш не станал, Евреин, шпион не бил. Народ кој не је дал шпиони и не исхранил кодоши, заслужува поштовањето на секој чесен чоек. Евреискио народ го заслужават и нашето поштовање и нашата љубов.
5.Во најтешките моменти за македонскио народ, Евреите биле со него. Многу борци од Илинденското востание најдоа убежиште во евреиски кукји, многу Евреи материјално помагаја вастанието, многу Евреи стана активни борци за свободата на Македонија.
Извор Битола стари фотографии