Битолчанецот Горан Костовски е скулптор, иконорезец и еден од малкуте копаничари во Македонија.
Неговата работа започнува во 1998 година, кога го изработи своето прво дело…
Од тогаш тој има изработено повеќе мотиви од македонскиот фолклор и традиција, како и мебел со специфичен дизајн и детали за кои може да се рече дека се единство помеѓу човекот и материјалот, каде што едното го надополнува другото до најперфектен можен ефект.
Сепак негова најголема љубов се скулптурите. Оваа негова страст се одликува со посебни линии на уникатност. Најчесто работи со оревово дрво и липово дрво, но е идеалист кој секогаш трага по нешто ново и единствено.
Секоја чест за неговата макотрпна работа и да го поздравиме со истото да продожи понатаму…