Учените велат дека на едно дрво му требаат 40 години за да постигни комплетна зрелост, па оттаму и натаму, можи да живее преку 300 години.

Делови од стариот дрворед на ул. „Партизанска”, до Бактериолошка, се посадени во турско време, и се стари околу 120-130 години. Новиот дрворед, од Бактериолошка па нагоре, е саден во 70-тите години од минатиот век, во исто време кога се градени и зградите вдолж улицата. Значи и стариот и новиот дрворед си имаат уште многу години живот и уште многу години да ги заштитуваат битолчани од загаден воздух, жештини, ветришта, врева од сообрајќајот и ред други работи. Да се надеваме дека градските дрвосечачи ќе ја одминат „Партизанска” и ќе ги остават дрвјата да си ја бркаат својата работа.

Извор Битола некогаш и сега