Автори: Александар Смилевски и Марко Мушиќ (консултант)

Ентериер: Љубица Никољска

Локација: Битола

Година: 1976-1980

Изведувач:  РГО „Бетон”

Домот на културата во Битола , интегрална целина на најразновидни програмски и просторни барања, е реализиран под еден покрив, создавајќи впечаток на продолжување на централниот градски простор и неговото содржинско збогатување.

Во барањето на оптималната концепција предложено е систем на поврзување на сите простории за публика што дава широки можности за еластично и флексибилно користење.

Домот содржи две мали сали во правоаголна поставка што дава можност за заедничко и рационално користење на сценскиот простор.

Големата сала е со капацитет 1000 места и има универзален карактер со примарна функција на кино и естрадна сала.

Малата сала е наменета за театарски претстави и има 600 места.

sala-teatar

Клуб кафеаната е лоцирана на ниво на фоајеата меѓу големата и малата сала со можност за флексибилно користење.

Во обликувањето на објектот главен пластичен акцент  на композиционата целина се покривните елементи од бакарен лим обликуван во склад со функцијата на волумените.

Dom na kultura Bitola_MARH_3

Динамичната пластика на покривот со присутни кружни форми во контраст со ортогонална структура на градскиот центар остварува врска со присутните форми на историските споменици.

Свечено отворен на 11 Октомври 1980 година.

Извори: 

Бимас 1980 

www.marh.mk

Фотографии од Битола стари фотографии, Димитри Гина и Александар Атанасов