ДОЖИВЕЈТЕ МНОГУ АВАНТУРИ СО СКУБИ И ДРУЖИНАТА МИСТЕРИ ИНК. И РЕШЕТЕ ГИ МИСТЕРИИТЕ …
Деца, пред вас е интересната едиција наслови од Ворнер Брос за дружината Мистери Инк. Дружината ја сочинуваат Скуби Ду, Фред, Дафни, Велма и Шеги кои секогаш наидуваат на ситуации што треба или да ги решаваат или да преземаат ризик за да ги решат. Навистина многу е возбудливо!
Читајте за настанот кога дружината едвај чека да се забавува на музичкиот фестивал кај Карпата на Вампирот во насловот „Легендата за Вампирот“. Кога вампирите се спуштаат во австралиската дивина и ги киднапираат изведувачите, дружината се наоѓа во тешка ситуација. Може ли дружината да ги најде вампирите и да ја спаси дружината? Дознајте.
Дружината Мистери Инк. решава да се одмори од решавање мистерии… Затоа тргнува на одмор на Хавајските Острови. Фред, Велма и Дафне едвај чекаат да стигнат на плажа, а Скуби и Шеги, пак, сакаат да ја пробаат хавајската храна. Но, работите добиваат чуден тек кога се појавува чудовиштето Тики. Дружината ќе треба да ја разоткрие вистината за „Проклетството на чудовиштето Тики“.
Во „Здраво, пирати“ станува збор за роденденот на Фред кој неговите родители му го организираат за него и неговата дружина. Изненадувањето е крстосување со брод. Но, на отворено море се готви неволја кога забавата ја прекинуваат духови пирати. Ќе можат ли Скуби, Дафне, Фред, Велма и Шеги да ја решат мистеријата?
Скуби Ду и неговите пријатели ќе одат во Шкотска за Хајлендските игри. Дружината едвај чека да ги види најпознатите килтови и шкотски замоци. Но, наскоро мистериозно ќе се појави озлогласеното „Чудовиште од Лох Нес“ и ќе се закани со уништување на игрите.
ЧИТАЈТЕ, ПРЕТПОСТАВУВАЈТЕ И РЕШАВАЈТЕ ГИ МИСТЕРИИТЕ НА ДРУЖИНАТА МИСТЕРИ ИНК!