Рашетал ми се Димитар
низ таа града Битола,
низ таа маала еврејска;
На пат ми сретна девојче,
девојче, жолто Еврејче.
Димитар што му велеше:
— Девојче, жолто Еврејче,
од ум да одиш как’ мене,
пулум да пулиш на мене,
думи да думаш за мене!
Мајка му што му велеше:
— Димитар, синко Димитар,
не земај жолто Еврејче!
Димитар мајка не почу,
та си го зеде девојче,
девојче, жолто Еврејче.
Г’ однесе в’ село Попоец
да го пеат девет попови;
Лепо му име туриле,
Марие, лепа Марие.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола од проф. Филип Каваев