Димитар Андоновски: „СИДО не се само песни, туку спомени на генерации“

од May 10, 2026 0 коментари

На една сцена повторно оживеаја најголемите детски хитови со кои пораснаа генерации, а меѓу оние кои повторно ја почувствуваа магијата на СИДО беше и Димитар Андоновски.

Песните што некогаш ги пееја како деца, овојпат повторно ги отпеаја истите тие оригинални изведувачи, денес веќе возрасни, реализирани луѓе, секој успешен во својата област, но со истата љубов кон музиката и спомените што ги поврзуваат генерациите.

„За мене лично, беше многу емотивно што после толку долго време повторно се собравме на едно место. Се потсетивме на детските мигови, на сцената што ја делевме заедно, на турнеите, на полните сали и на едно време кое остави голем белег во сите нас“, вели Андоковски.

Тој додава дека овој настан уште еднаш покажал дека песните од СИДО не се само детски хитови, туку дел од колективната меморија на многу генерации.

„Публиката уживаше, учесниците уживаа, а емоцијата беше искрена и силна“, истакнува тој.

Според Андоновски, ваквиот концерт треба да прерасне во традиција, бидејќи токму ваквите моменти потсетуваат кои сме, од каде сме почнале и колкава моќ има музиката да ги врати најубавите спомени.

„Искрено верувам дека ова треба да прерасне во традиција“, порачува Димитар, упатувајќи благодарност до сите што биле дел од оваа музичка вечер исполнета со носталгија, емоции и убави сеќавања.

Фото Камерен Оркестар Дива

Babam Bitola

Comments are closed.