Дефилето на „Илинденски денови“ утре повторно ќе ги исполни битолските улици со фолклор и традиција

од July 26, 2026 0 коментари

Во рамките на 56. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, утре ќе се одржи традиционалното фестивалско дефиле, кое повеќе од пет децении е препознатлив симбол на фестивалот.

Стотици учесници од Македонија и од странство, облечени во автентични народни носии, ќе продефилираат низ Широк Сокак, претставувајќи го богатството на фолклорот, музиката и културното наследство.

Дефилето започнува во 18:30 часот од Плоштад Магнолија, а ќе продолжи низ централното градско подрачје, каде посетителите ќе имаат можност одблиску да ја проследат фестивалската атмосфера и настапите на учесниците.

Фестивалското дефиле и оваа година претставува увертира во програмските содржини на „Илинденски денови“, потврдувајќи ја улогата на Битола како град што веќе 56 години ја негува и афирмира македонската и светската фолклорна традиција.

Babam Bitola

Comments are closed.