Во рамките на програмата на Интернационалниот етнографски филмски фестивал „Илинденски денови“, најмладата публика имаше можност да го проследи детскиот филм „Кралот Матиј Први“, кој преку интересна и поучна приказна ги доближува вредностите на пријателството, одговорноста и детската љубопитност.

Проекцијата привлече голем број деца и родители, а исполнетата сала и внимателното следење на филмот потврдија дека ваквите содржини имаат значајно место во фестивалската програма. Детските реакции и интересот за филмската приказна уште еднаш покажаа дека љубовта кон филмската уметност и културното наследство се развива уште од најрана возраст.


Со ваквите проекции, Интернационалниот етнографски филмски фестивал „Илинденски денови“ продолжува да ја исполнува својата мисија – покрај промоцијата на етнографскиот филм, да создава и нова генерација љубители на филмската уметност и културата.

📸 Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски
