Македонскиот селектор Кирил Лазаров денес го објави поширокиот список ракометари за Светското првенство кое во јануари идната година ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка. На списокот на селекторот се наоѓаат следните девет ракометари на Еурофарм Пелистер: Никола Митревски (капитен), Филип Кузмановски, Павле и Петар Атанасијевиќ, Жарко Пешевски, Ненад Костески, Самоил Ристевски, Емилијан Ѓорѓовски и Цветан Кузманоски. На списокот е и ракометарот на Еурофарм Пелистер, Мартин Ивановски.

Македонија на СП 2025 е во група со Холандија, Унгарија и Гвинеја. Избраниците на Лазаров ќе го отворат Мундијалот на 15 јануари против Унгарија, по што следуваат дуелите со Холандија (17 јануари) и Гвинеја (19 јануари). За македонската ракометна репрезентација, која натпреварите од групната фаза ќе ги игра во Вараждин, ова ќе биде деветто учество на светските првенства, а седмо едноподруго.